Русите се жалат: Испратена е жалба, бараме да се врати правото на руските спортисти

Руската ракометна федерација ќе се жали на отстранувањето на репрезентациите и клубовите од европските турнири.

На 28. Февруари ЕХФ, подоцна и ИХФ на неодредено време ги суспендираа руските и белоруските клубови и репрезентации за учеството во сите натпреварувања. Привремената дисквалификација ги погоди и сите официјални лица кои исто така немаат право да бидат дел од натпреварите.

Испратената жалба ја потврди адвокатот на Ракометната федерација на Русија, Максим Гулевич.

„Минатата недела Рускиот ракометен сојуз поднесе жалба до ракометниот суд на ЕХФ во која бараме отстранување на суспензијата за руските клубови и репрезентации во меѓународните натпревари. Заедно со жалбата беше поднесено и барање за суспендирање на одлуките на извршниот комитет на ЕХФ додека не се донесе конечната одлука. Целосно ќе ја браниме нашата позиција во сите спортови и судови за да го вратиме законското право на руските спортисти да учествуваат на меѓународни натпревари“, изјави помеѓу другото Гулевич.