Ристовски порача: Никогаш не го отпишувајте Вардар

Екипата на Вардар вторпат во десетина дена го победи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и покажа дека има тим за враќање на титулата во свои раце.

Вардарци на 6 септември во Струмица го совладаа битолскиот тим со 30:26 и го освоија трофејот во Супер Купот.

Екс првакот на Македонија денес во суперлигашкото дерби со битолчани триумфираше со скоро идентичен резултат, 30:25.

По првата добиена битка со вечниот ривал, извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски, преку социјалните мрежи порача дека Вардар никогаш не треба да се отпишува.

 

Вардар за следен ривал во суперлигашката конкуренција го има тимот на Пролет.

Вардар по вторпат го преслуша Еурофарм Пелистер сезонава