Ристова: Нема да биде лесно против Чаир, но имам позитивно чувство

Денеска се играат полуфиналните средби од женскиот завршен турнир во Купот на Македонија.

Во второто полуфинале се среќаваат Вардар и Чаир, а тренерот Драгана Ристова вели дека целта е место во финалето.

„Наша прва цел е да се пласираме во финалето и да ги победиме Чаир. Купот не е обично натпреварување како лига, секогаш има изненадување. ние сме спремни, девојките се мотивирнаи и јас имам некое позитивно чувство дека првичната цел ќе ја оствариме, а за друго ќе размислуваме утре. Во првенството ги победивме 19 разлика, но тоа нема ништо да значи, сепак ова е друг мотив, друг притисок, и кај нас и кај нив. Нема сигурно да биде лесно, но задоволна сум од начинот на кој се подготвуваме и тоа како ракометарките се однесуваат. Имавме мала криза во играта во последниот период, но за среќа со послабите екипи и тоа е надминато“, вели Ристова.

Натпреварот меѓу Вардар и Чаир се игра вечерва со почеток во 18:00 часот во салата во Автокоманда.