Репрезентативец на Египет е ново засилување за Барселона

Европскиот шампион, Барселона и официјално го промовираше новото засилување, репрезентативецот на Египет, Али Зеин Мохамед.

Ракометарот кој има 30 години во Барселона ќе пристигне од екипата на Шарјах. Ракометарот од Египет потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Во својата кариера, Али Зеин настапуваше за неколку клубови од Египет, Тунис и ОАЕ. Беше дел и од шампионатот на Франција во сезоните, 2016/2017 и 2017/2018. За сениорската репрезентација на Египет настапува од 2011 година, а има одиграно над 268 официјални натпревари во сениорскиот дрес и постигнато 320 голови.

Во новата сезона, Барселона ќе биде предводена од новиот тренер, Антонио Карлос Ортега.

Томас Свенсон го напушти Магдебург, тој е новиот помошник на Ортега