Ракометарка на Нант хоспитализирана, објави дека боледува од мултиплекс склероза (ФОТО)

Ракометарката на Нант, Амандин Тисие, на социјалната мрежа Инстаграм објави дека била хоспитализирана во болница која се наоѓа во францускиот град Брест.

Причината за нејзиното хоспитализирање е поради третманот за мултиплекс склероза (автоимуна болест која влијае на нервниот систем).

28-годишната ракометарка со оваа болест се бори од крајот на 2018 година. Тисие го пропушти саботниот натпревар против Париз, додека за останатите натпревари нејзиното отсуство ќе биде надополнето со репрезентативката на Шведска, Карин Стромберг, како единствена опција на централната бековска позиција во екипата на Нант.

Во оваа сезона, Тисие пристигна од Брест Бретањ во редовите на Нант како големо засилување. Ракометарката преку Инстаграм сепак даде смирувачки вести…