ПСЖ без милост, го наполни голот на Елверум за висок триумф

Ракометарите на ПСЖ одиграа одличен натпревар против Елверум во натпревар од Лигата на шампионите и остварија убедлива победа со 29:44.

Почетното водство го имаше екипата на Елверум и норвешкиот тим беше во водство до 10. минута кога Стеинс израмни на 5:5. Следуваше одличен период на ПСЖ во кој за пет минути направи серија од 7:0 со што се одалечи на огромна позитива.

До крајот на првиот дел избраниците на Раул Гонзалес знаеја како да го сочуваат водството и со таква разлика се замина на одмор. На полувреме ПСЖ имаше водство 12:19. И во вториот дел продолжи доминацијата на францускиот тим и разликата постојано се зголемуваше.

Многу наскоро беше двоцифрена разлика за ПСЖ, а Елверум немаше решение за противничката игра и сè повеќе беше во заостанување. До крајот беше само рутински одработена задачата за нов убедлив триумф.

Најефикасен во составот на ПСЖ беше Нахи со осум гола, а Ремили со шест гола беше втор стрелец. Во тимот на Елверум најефикасен беше со пет гола, а Петерсон постигна четири погодоци.