Проблеми за Србија, Драгана Цвијиќ не може да игра на ЕП

Поранешната ракометарка на Вардар, која сега игра во редовите на ЧСМ Букурешт, Драгана Цвијиќ нема да може да настапи на следното Европско првенство. Причина за тоа е повредата која ќе ја одалечи извесно време од терените.

Селекторот Љубомир Обрадовиќ е разочаран бидејќи останува без важна ракометарка која требашеда биде столб на одбраната на селекцијата на Србија на овој шампионат.

„Имаме проблеми со составот. Пивотот Драгана Цвијиќ немада може да игра. Таа е повредена и ќе мора на операција“, вели Обрадовиќ.

Ова значи дека Цвијиќ ќе биде подолго надвор од терените, па останува да се види дали ќе биде подготвена да се врати назад пред средбите од вториот дел на сезоната.