Проблеми за домаќинот: Австрија остана без еден од најдобрите

Домаќинот на Европското првенство, Австрија кој е и ривал на Македонија во 3. коло од првата фаза се соочи со првите проблеми. Селекторот Алеш Пајович мораше да менува во последен момент, а остана без клучен играч.

Поради повреда во тимот ќе го нема Александар Херман. Левиот бек на екипата на Гумерзбах уште еднаш доживеа малер, па веќе трет шампионат по ред не е во можност да игра заедно со колегите на големо натпреварување.

Херман ги пропушти и Европското првенство пред две години и Мундијалот лани, а ќе го нема и сега на домашен терен кога Австрија ќе се обиде да се избори за одличен резултат.

Селекторот Пајович веќе повика нов ракометар на негово место, а таму ќе биде Даниел Дикер, кој би требало да го замени Херман, кој важи за еден од поквалитетните бекови во репрезентацијата на Австрија.