ПРЕСИНГ: Сè уште ја бараме одбраната – фали класичен централен дефанзивец

Најголемиот товар во овој решавачки натпревар, го извлекоа најискусните. Лазаров, Митревски, Пешевски, Стоилов. Кузмановски го одигра најдобриот натпревар на ова првенство. Талевски денес имаше помала минутажа од она што сме навикнати да го гледаме. Дали тоа беше од тактички замисли или беше санкциониран од селекторот за преходните негови изданија, не знаеме, но дека вроди со плод се виде од неговото влегување во игра.

Македонија го оствари она по што дојде во Египет. Пласманот во вториот круг го остваривме на потежок начин од кој што очекувавме.

Лошите игри против Шведска и Египет и притисокот што го носеше последниот натпревар, доведоа да нашите репрезентативци одиграат како во грч. За разлика од предходните натпревари покажавме поголем желба и карактер. Борбеноста поготово во второто полувреме беше на ниво.

Она што недостасуваше во изминатите натпревари беше организатор во нападот, па затоа варијантата со Танковски, беше оправдана. За жал Танковски прерано се повреди, па не можеше до крај да ги спроведе замислите на селекторот.

Најголемиот товар во овој решавачки натпревар, го извлекоа најискусните. Лазаров, Митревски, Пешевски, Стоилов. Кузмановски го одигра најдобриот натпревар на ова првенство. Талевски денес имаше помала минутажа од она што сме навикнати да го гледаме. Дали тоа беше од тактички замисли или беше санкциониран од селекторот за преходните негови изданија, не знаеме, но дека вроди со плод се виде од неговото влегување во игра.

Во напад главниот акцент беше ставен на нашата игра 2 на 2 со пивот, која резултираше со неколоку голови преку пивот, изнудени исклучуња од 2 минути и создаваше простор и ситуации кои најчесто преку Кузмановски успешно ги решававме. Она што позитивно ме изненади е побрзата транзиција од одбрана во напад, која на почетокот на натпреварот изгледаше многу добро. Постигнавме неколку голови од брз центар, контранапад и продолжен напад.

Одбраната повторно не беше на задоволително ниво. Се гледа дека уште ја бараме добитната комбинација во средината на зоната. Очигледно е дека фали класичен централен дефанзивец, кој ќе командува со одбраната. За среќа денес го имавме одличниот Митревски на голот, подпомогнат од Томовски.

На крајот, честитки за победата на нашата репрезентација. Со пласманот во вториот круг Ја оправдавме довербата на ИХФ како прва резерва на овој шампионат. Сега останува да ги одиграме преостанатите натпревари со поголема самодоверба, желба и борбеност. Мотивот сигурно нема да недостасува.