По којзнае кој пат – коронавирус во ПИК Сегед, дуелот со Фленсбург е откажан!

По којзнае кој пат од стартот на оваа сезона, коронавирус го нападна унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.

Станува збор само за еден случај, но до негативни тестови на сите останати ракометари и членови на стручниот штаб, сите остануваат во изолација.

Унгарскиот тим ги информирал ЕХФ и германскиот тим, а европската куќа на ракометот реши да го откаже натпреварот.

Службениот резултат и победа за бундеслигашот би требало да биде потврдена следната недела.

Фленсбург во последното коло од групната фаза треба да гостува кај Келце, а ПИК Сегед кај ПСЖ.