Почна хаосот – одложени натпревари во ЛШ, ЛЕ и во квалификациите за ЕП

Ситуацијата со коронавирусот низ Европа не стивнува, туку напротив – зема поголем замав и станува голем проблем за ракометот.

По големиот број откажани пријателски натпревари пред стартот на Европското првенство, сега се откажани и натпревари во европските купови.

ЕХФ мораше да ги одложи средбите од Лигата на шампионите, Вајперс Кристијансанд –  Крим Меркатор и Савехоф – Ѓер.

Одложен е и натпреварот во Лигата на Европа меѓу данскиот Виборг и романската Валчеа што требаше да се игра претстојниот викенд.

Двомечот меѓу Летонија и Бугарија во квалификациите за ЕП 2024 исто така е одложене поради ковид позитивни случаи кај нашиот источен сосед.