Iceland vs Moroco, 2023 IHF MEN’S JUNIOR (U21) WORLD CHAMPIONSHIP, Athens, Greece, 20.06.2023., Mandatory Credit © Jozo Cabraja

Португалија остана со празни раце, Исланд е во ТОП 4 на младинскиот Мундијал!

Откако Србија прва обезбеди пласман во полуфиналето на младинскиот Мундијал, вториот патник меѓу најдобрите четири репрезентации е Исланд, кој во четвртфиналето ја елиминираше Португалија со 32:28.

Иако Португалија за нијанса беше подобра во првиот дел, на полувреме замина со предност од 14:12, сепак Исланд во второто полувреме се врати во игра, од 40. минута воспостави резултатска контрола и заслужено се пласираше во полуфиналето

Победничката репрезентација беше предводена од одличниот лев бек Лео Гунарсон со 11 погодоци. Во составот на Португалија се истакна Андре Соуза со шест реализации.

Исланд на Светското младинско првенство моментално има 100% учинок, ги доби сите дуели во групната и главната фаза, и денес успеа да ја надигра и Португалија.

Останатите два паници во полуфиналето ќе се одлучуваат на дуелите меѓу Данска и Германија, односно Унгарија и Хрватска.

Србија ги надигра Фарски Острови и избори полуфинале на СП