Поранешен македонски селектор го критикува Червар – Што бара Чупиќ на десен бек?!

Хрватска ремизираше со Јапонија на стартот на групната фаза на Светското првенство и не ја задоволи тамошната јавност со играта и однесувањето на теренот.

Некогашниот македонски селектор Ивица Обрван, ја критикуваше одлуката на селекторот Лино Червар да го игра поголемиот дел на натпреварот со Иван Чупиќ на десен бек, иако во ростерот ги има Иван Мартиновиќ и Лука Шебетиќ.

„Ако тимот ти е составен од најдобрите играчи или од најпотребните и на првиот натпревар имаш два одлични десни бека, од кои Мартиновиќ имаше 3/3, сосема нелогично е да седи на клупа и неговото место да го пополни Чупиќ. Тој може одлично да одигра и на десен бек, го покажа тоа и во дресот на Вардар,  но мислам дека првиот натпревар на првенството против тим кој не е поквалитетен од нас, испраќаш погрешна порака до своите десни бекови и им даваш до знаење што мислиш за нив“, вели Обрван за хрватскиот „Индекс“.

На Хрватска и претстојат дуели со Катар и Ангола во првата фаза од СП, на кои не би требало да има проблеми да стигне до триумф.