Полувреме за заборав, колапс против растрчаните Руси

Македонија има преголема негатива после 30 минути против Русија од десет гола и резултат од 9:19 така што натпреварот е веќе загубен, па прашањето е само која ќе биде разликата на крајот. Со оглед на тоа каков е пристапот и денеска од повеќето ракометари тешко дека ќе може да се направи нешто повеќе освен да се ублажи овој пораз.

Одново тежок почеток на натпреварот. Немаше гол до 6. минута, а противникот веќе имаше три во овој период и убаво успеа да ја отвори средбата така што Русите влегоа далеку подобро и имаа контрола.

Не функционираше најдобро, а одбраната беше прешироко поставена така што со брзи додавања и движења Русите успеваа да дојдат до позиција за удар. Тоа овозможуваше и лесно да дојдат до зголемување на предноста така што работите одеа одлично за нив.

Првите 15 минути за Македонија минаа во некој грч и тогаш имаше мал број на голови. Сепак, она што не чинеше во нападот почна да се поправа во продолжението. Сепак, колку и да почна нападот да игра добро одбраната не беше доволно подвижна бидејќи никако не се затвораше просторот за да се спречат нападите на Русите, а и при грешка во нападот многу бавно се враќаше назад за да се покрие.

Сето ова овозможи веќе во 22 минута противникот да има двојно подобар резултат односно Македонија да е во негатива од 7:14. До крајот на првиот дел беше уште полошо бидејќи Русија успеа да дојде и двоцифрена предност во 29. минута. Тогаш резултатот беше 8:18, а до крајот имаше уште по еден гол на двете страни така што ова беше ново катастрофално полувреме за Македонија на Мундијалот.

Три гола во првото полувреме постигна Кузмановски, по два има Пешевски и Серафимов, а по една прецизни беа Стоилов и Крстевски. Прв стрелец на Русија на овој дуел во првото полувреме беше Игор Сорока кој има шест гола.