Познат списокот на „рибарите“ – Исланд без Петерсон на ЕП

Селекторот на репрезентацијата на Исланд, Гудмундур Гудмунсон ги соопшти имињата на 35 ракометари од кои ќе бидат одбрани патниците на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Ростерот од 35 имиња е составен од играчи кои настапуваат во домашното првенство и странство. Александар Петерсон, Кристјан Кристијансон, Магнус Магнусон и Одур Гретарсон, ракометари кои беа дел од Светското првенство во Египет 2021, овојпат не се најдоа на списокот.

Поранешниот олимписки вицешампион на Европското првенство 2022 својата авантура ќе ја стартува од Будимпешта. Исланд се најде во Групата Б, а нејзините противници ќе бидат Холандија, Португалија и Унгарија.

Првиот натпревар за ракометарите на Гудмундур Гудмунсон ќе биде на 14 јануари против незгодната репрезентација на Португалија.