Познат составот на „фуријата“ за СП – со Кањелас, Македа, Душебаев, Гвардиола…(ФОТО)

Селекторот на европскиот шампион Шпанија, Жорди Рибера, го објави конечниот список пред настапот на Светското првенство во Египет.

Иако можеше да носи 20 ракометари, сепак предводникот на „фуријата“ се реши за 18, меѓу кои и Сергеј Ернандез, голманот на португалската Бенфика и пикерот на Адемар Леон, Рубен Марчан.

Тие двајца веќе имаат играно за шпанската селекција, но првпат ќе бидат дел од неа на едно големо натпреварување.

Другиот дел од националниот тим е веќе познат. Тука се искусните играчи како Жоан Кањелас, Раул Ентрериос, Виран Морос, Дани Сармиенто, Хорхе Македа…најдобриот стрелец на Келце, Алекс Душебаев, одличните крила Ернандес и Гомес…

Шпанија е во групата Б на СП и ќе игра против селекциите на Бразил, Тунис и Полска.