Познати се екипите што ќе се борат за трофејот во Балтичката лига

Балтичката лига е пред самата завршница и веќе се познати екипите кои ќе настапат на фајнл-фор турнирот. Сепак, и во натпреварувањата на Балтикот свое влијание имаше ковид пандемијата.

Свој пласман обезбедија три клубови од Литванија, еден од Естонија, а Летонија остана без свој претставник. Свиеса, Полва Сервити, Алитус и Драгунас се четирите најдобри екипи кои ќе се борат за титулата во Балтичката лига.

Клубовите од Летонија поради рестрикциите за патување не можеа да ги одиграат натпреварите против екипите од Литванија и Естонија, па така тие натпревари завршија со службена победа на противничките екипи.

Завршницата е планирана да се одигра следниот викенд. Домаќин ќе биде литванскиот град Клаипеда, а одредени беа и полуфиналните двојки. Драгунас за противник ја доби екипата на Полва Сервити, додека второто полуфинале го сочинуваат Свиеса и Алитус.