Познати арбитрите за дуелот Шведска – Македонија, Норвежани ќе ни делат правда

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварот од првото коло од групата Г меѓу Шведска и Македонија.

Правдата ќе ја делат Норвежаните Јорум и Клевен, додека делегат ќе биде Австриецот Рајсингер.

Резервен судиски пар за овој натпревар се сестрите Бонавентура од Франција.

Натпреварот во салата во Каиро меѓу Шведска и Македонија ќе започне во вечерниот термин од 20:30 часот.

Во првиот дуел од нашата група, домаќинот Египет немаше проблеми против Чиле и победи со