Пивотот на Вардар со нов репрезентативен повик

Ракометарот на Вардар, пивотот Патрик Валчак после настапот на Мундијалот во Египет одново доби шанса за да се најде на теренот во репрезентацијата на Полска откако доби нова покана за ЕХФ неделата.

Валчак се најде во составот на Полска за средбите против Словенија на 9 март и против Холандија на 17 март. Тоа се дуели од квалификациите за Европското првенство во 2022 година и се добра можност за ново покажување на квалитетите.

Повторно има голема конкуренција, а сега на неговото место ќе биде и Камил Шипжак кој не играше на Светското првенство, но пивотот на Вардар се наоѓа во добра форма така што се очекува да добие шанса и да настапи на двете средби.