Кружниот напаѓач на македонската репрезентација, Жарко Пешевски, кој во следната сезона ќе настапува за македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер, имаше победнички крај во Бундес лигата.
Во последното коло од најсилната лига на светот, Пешевски и Штутгарт направија изненадување, успеаја да ја совладаат екипата на Мелсунген, со резултат 28:25 (10:11). Пешевски на последниот натпревар за Штутгарт постигна еден гол во мрежата на гостите.
Левиот бек на македонската репрезентација, Филип Кузмановски со екипата на Хановер одиграа реми против Лајпциг, 26:26 (12:13). Иако Лајпциг беше пред победа, сепак, репрезентативецот на Хрватска, Иван Мартиновиќ, со гол во последните секунди му донесе бод на својот тим.
Кузмановски во натпреварот против Лајпциг двапати се запиша во листата на стрелци, додека најефикасен во неговата екипа беше незапирливиот Јохан Хансен со десет постигнати погодоци.