СТРУГА 2020: Печенковски – Среќни сме што се вративме на терен, тоа е најважно во моментов

Ракометарите на Бутел Скопје загубија во премиерниот натпревар од Охрид со 24-25 на Струшкиот турнир.

Избраниците на Кристијан Грчевски иако се бореа до самиот крај, сепак останаа без бодови од оваа средба.

Најефикасен ракометар кај Бутел Скопје беше средниот бек Горан Печенковски, кој даде пет погодоци. Тој смета дека клучно на натпреварот беше ротацијата со млади играчи на неговиот тим.

„Сакам да упатам честитки до организаторот заедно со РФМ, што и покрај ова тешко време успешно се справи и ни овозможи после подолга пауза да се вратиме на терен. Лично сум задоволен како одигравме, нашиот тренер како што најави и пред мечот, успеа да им даде шанса на сите играчи, за разлика од екипата на Охрид која настапи со проверени сили и можеби тоа беше клучно околу конечниот резултат. Нас не чека напорна сезона, покрај домашните обврски, ќе играме и во Лигата на Европа. Среќни сме што повторно сме на терен и тоа е најважно во овој момент“, вели Печенковски.

Следен предизвик за македонскиот претставник во Лигата на Европа ќе биде дуелот со Еурофарм Пелистер 2.

СТРУГА 2020: Неизвесност до самиот крај, Охрид ги освои бодовите против Бутел Скопје

СТРУГА 2020: Драмата покрај езерото за Охрид, Бутел ќе чека нова шанса (ФОТОГАЛЕРИЈА)

СТРУГА 2020: Стојановиќ – Секој старт со победа е одличен, но уште сме далеку од посакуваната форма