Петковски даде 15 гола, Алкалоид ја мина првата Куп пречка

Тимот на Алкалоид лесно ја прескокна првата пречка во Купот на Македонија, откако на домашен терен славеше против прволигашот Астраион со убедливи 47-15.

Струмичани парираа во првите десетина минути кога беше 4-4, а потоа Алкалоид направи серија од четири гола за 8-4. До крајот на полувремето беше 24-8.

Вториот дел беше само формалност, шанса за настап добија сите ракометари од двете клупи, а предноста растеше во корист на домашните до конечните 32 гола разлика.

Во победничкиот состав се истакнаа Александар Петковски со 15 гола и Михаил Иваноски со осум, додека кај Астраион, Христијан Ефтимов даде четири погодоци.

Куп на Македонија, елиминации:

Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
10.дек 12:00 Јуниор КВ – Драчево
10.дек 14:00 Прилеп – Металург РА
10.дек 15:30 Голден Арт – Овче Поле
10.дек 16:00 Еурофарм Пелистер – Текстилец
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2