Петковска и Јагодина останаа со празни раце во Норвешка

Голманката Драгана Петковска со своите колешки од Јагодина не успеа да стартува со победа во новата сезона од Лигата на Европа откако забележаа пораз во Норвешка со 26:29.

Јагодина имаше одлично прво полувреме во кое водеше со 19:16, но во вториот дел не одеше ништо, па домашните успеаја да го свртат резултатот и да дојдат до триумф.

На овој натпревар Петковска застана на голот и имаше минутажа, но според официјалната статистика средбата ја заврши со четири интервенции.