Партизан без мака со Борец

Тимот на Партизан славеше во заостанатиот натпревар во Гевгелија против составот на Борец со убедливи 41-25.

Домашните отворија со водство од 4-1, беш и 7-4, но гостите израмнија на 7-7. Сепак во продолжение велешани попуштија, Партизан даде пет гола во серија за 12-7. До крајот на полувремето беш 20-14.

Стартот на вториот дел беше клучен за убедливиот триумф. Гевгеличани погодија шест пати по ред за 26-14 и до крајот избраниците на Зоран Кајтазов одиграа само рутински.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марко Михајловиќ со десет и Цветко Ангелов со девет погодоци, додека за Борец, девет гола даде Антонио Јаневски.