Парондо работи одлично, „фараоните“ со нова победа пред СП

Домаќинот на Светското првенство, Египет продолжува со успешните резултати пред почетокот на Мундијалот, а новата убедлива победа беше забележана против Јапонија со 33:25.

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо одлично ги предводи момците пред Мундијалот, па може да се очекуваат одлични резултати и на шампионатот.

Ова беше втор дуел против Јапонија на кој имаше две различни полувремиња. Репрезентативците на Египет беа премногу опуштени во првите 30 минути и имаа негатива од 15:16. Сепак, ова во вториот дел беше надоместено и направена убедлива предност.

Во вторите 30 минути Египет прими само девет гола така што успеа да дојде до убедлив триумф.

На првиот натпревар одигран на 5 јануари селекцијата на Египет ги совлада Јапонците со 34:29. Инаку, Јапонците први допатуваа во Египет да се аклиматизираат, а играат во група со Хрватска, Ангола и Катар.

Египет е во групата Г со Чешка, Шведска и Чиле, но тука има голема неизвесност поради позитивните случаи на Ковид 19 и во Чешка и во Шведска.