Парондо одбра 24 ракометари за СП, со Јахија во борба за историски успех (ФОТО)

Домаќинот на првенството Египет е еден од противниците на Македонија на претстојното Светско првенство кое ќе се игра во африканската земја, а познати се и ракометарите кои ќе играат за Египет против нашата репрезентација.

Селекторот на Египет, Роберто Гарсија Парондо го објави списокот со кој ќе настапи домаќинот на Светското првенство 2021. Засега составот брои 24 ракометари, а дополнително ќе биде објавен конечниот список од 20 играчи.

Шпанскиот стратег ќе го има на располагање најдобриот состав за овој Мундијал, само останува да одлучи кои четири ракометари ќе отпаднат од пошироиот список. Египет ќе биде предводен од првата ѕвезда на тимот, играчот на Веспрем – Омар Јахија.

Парондо сè уште е во дилема од услуги на кои ракометари ќе се откаже. Најавено е дека офоцијалниот список за СП ќе биде познат утре, непосредно пред првиот натпревар на Египет против Чиле со кој се отвара 27. Светско првенство.