Парондо: Не знам што да кажам, немавме среќа…

Домаќинот на Мундијалот доживеа болен пораз од светскиот шампион после две продолженија и изведување на пенали. Еѓипќаните имаа свои шанси кои не ги искористија и имаат за што да жалат.

Селекторот на репрезентацијата на Египет, Роберто Парондо после поразот во четвртифиналето од Данска го изрази своето задоволство од изданието на своите играчи и нивната борбеност на теренот.

„Ништо не можам да кажам после овој натпревар, немавме среќа. Игравме против светските шампиони, тие се голем тим кој допрва треба да изгуби или ремизира, а ние од нив загубивме на пенали. Целта ми е да продолжам да го развивам овој тим во иднина. Имаме состав кој може да се соочи со најдобрите екипи во светот“, рече Парондо.

Првенството заврши за домаќинот, а во полуфиналето Данска ќе се сретне со Шпанија. Натпреварите на кои репрезентациите ќе се борат за финале ќе се играат во петок.