Селекторот на БиХ, Ивица Обрван, на поширокиот список од 35 потенцијални играчи за Европското првенство 2022 година, го вклучи и искусниот ракометар на Монпелје, Марко Паниќ.
Сепак, десниот бек во изјава за „Дневни аваз“ потврди дека нема да биде дел од босанската репрезентација за Европското првенство во Унгарија и Словачка. Паниќ и Обрван кратко разговарале после завршувањето на натпреварот помеѓу Монпелје и Загреб во рамките од Лигата на шампионите.
„Разговаравме две минути по натпреварот и селекторот ме праша за настапот во репрезентацијата. Му реков дека ќе останам на мојот став. Тој ми рече дека ќе ме стави на список, а мое ќе биде да одлучам. Но, ништо не се смени во однос на мојата одлука“, коментираше Паниќ.
Пред неколку месеци, Паниќ изјави дека сè додека на позицијата селектор се наоѓа актуелниот тренер на Загреб, тој ќе одбива да го носи дресот на БиХ.
Обрван го објави поширокот список пред EП – смета на пелистерците Периќ и Граџан