Охриѓани го комплетираа тимот – потпиша и Владо Кастратовиќ

Раководството на Охрид продолжува со формирањето на ростерот пред стартот на новата сезона во Суперлигата.

Црногорскиот среден бек Владо Кастратовиќ, кој минатата сезона беше дел од тимот на Струга е нов ракометар на амбициозниот тим на Охрид. Кастратовиќ имаше одлична сезона зад себе и го привлече вниманието на повеќе екипи, но охриѓани дојдоа до неговиот потпис.

„Мило ми е што наредната сезона ќе бидам дел од овој клуб. Охрид има потенцијал со многу работа да направи големи успеси. Се надевам дека целта ќе ја оствариме со излез во Европа. Ви благодарам на довербата и верувам дека заедно со сите играчи и управата ќе славиме многу победи“, изјави Кастратовиќ.

Претходно Охрид го реши тренерското прашање со ангажманот на Горан Андоновски, и донесе уште неколку домашни и странски засилувања.

Покрај Кастратовиќ, тимот се засили со Тоше Ончев, Виктор Василевски, Хазеин Рустамов, Даниел Андоновски, Стефан Бошкоски, Зураб Цинцадзе, Владимир Бојаниќ, Никола Грубиќ и Балша Чејовиќ.

Од минатата сезона останаа капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасеск, Наум Костов и Кристијан Димитриески.