ОФИЦИЈАЛНО: Трибините ќе бидат празни на СП во Египет!

Денеска е официјализирана одлуката да нема гледачи на натпреварите од Светското првенсвто во Египет.

Светската ракометна федерација попушти под притисокот на јавноста и играчите, па реши дека овој голем настан ќе мине со празни сали.

Првичната одлука беше дека ќе има 30% од капацитетот на салите, а потоа тој процент беше намален на 20.

Организацискиот комитет на СП, претседателот на ИХФ, Министерствата за млади и спорт, како и претседателот на Египетската федерација на денешниот состанок одлучија дека нема да има гледачи и настанот ќе може да се следи само на ТВ.

Ова е историско СП, бидејќи првпат ќе играат 32 селекции, поделени во осум групи, а ќе започне на 13 јануари.