Откриена причината за стомачниот вирус на Хрватите – вода со која се миела салатата!

Селекцијата на Хрватска на Светското првенство во Египет не игра на своето ниво од последните години. Во својот претпоследен натпревар од втората фаза избраниците на Лино Червар беа шокирани од Аргентина и забележаа пораз со резултат 23:19.

Пред дуелот со Аргентина, селекцијата на Хрватска се пожали на стомачен вурис. Најлошо помина еден од главните ракометари на хрватската репрезентација, Иван Мартиновиќ, кој освен што пропушти тренинг пред дуелот со Аргентина, за време на натпреварот беше во лоша состојба.

Причина за стомачниот вирус била водата која во Египет е многу лоша како што наведуваат ракометарите. Водата со која се мие салатата  предизвикала стомачен вирус кај Хрватите, пишува „24 сата“. Ова не беше единствен случај за време на Светското првенство во Египет. Норвешка и Словенија беа првите репрезентации кои се жалеа на стомачен вирус, а репрезентативецот на Норвешка, Сандер Сагосен имаше остри реакции за целата организација на домаќинот.

Египет како домаќин не се покажа во добро светло и организацијата не беше на посакуваното ниво. Покрај наведените проблеми, голем број на репрезентации имаа негативни коментари околку организација на превозот, тренинзите, но и самото однесување на домаќинот кон некои репрезентации.