Ончев потпиша нов договор – продолжува во Фaикaс Корфу

Поранешниот младински репрезентативец и член на европскиот шампион Вардар – Тоше Ончев го продолжи договорот на уште сезона со грчкиот прволигаш Фаикас Корфу.

Тој во јануари по само една полусезона си замина од францускиот третолигаш Вернон, а до прекинот во Грција поради коронавирусот прикажуваше одлични партии за тимот од островот Крф.

Ончев лани настапуваше за Вернуј, каде беше еден од главните стрелци, а сезонава се реши за нов предизвик во Вернон и се чини дека погреши. Како одминуваше времето неговата минутажа се намалуваше, па тој реши да побара нова средина.

Фаикас Корфу се наоѓа на 9.место во лигата и има само еден бод помалку од Драма на осмото место, последно што води во плеј-офот. Сепак сезоната и во Грција е во прекина, а се уште не е јасно дали ќе продолжи или ќе биде прекината.