ОЛ СТАР ТИМ: Ване, Паличка, Хансен, Соле, Готфритсон…(ВИДЕО)

На завршниот ден од Светското првенство во Египет организаторот и ИХФ ги одредија најдобрите ракометари на овој Мундијал.

Поголемиот дел од играчите кои се најдоа во ол-стар тимот се од финалистите Данска и Шведска, а исто така има по еден играч од екипите кои играа за третото место Франција и Шпанија.

ОЛ-СТАР ТИМ НА СП

Лево крило: Хампус Ване – Шведска
Лев бек: Микел Хансен – Данска
Среден бек: Џим Готфритсон – Шведска
Десен бек: Матијас Гидсел – Данска
Десно крило: Феран Соле – Шпанија
Пикер: Лудовик Фабрегас – Франција
Голман: Андреас Паличка – Шведска