Олимпијакос го симна АЕК од тронот, стана нов владател на јужниот сосед!

Тимот на Олимпијакос е нов шампион на јужниот сосед на Македонија, откако ја доби финалната серија на плеј-офот со 3-1.

На последниот натпревар во Пиреја славеше со 25-23, па титулата се врати кај Олимпијакос, кој последен пат беше шампион во 2019 година.

Некогашниот член на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко, беше меѓу најдобрите стрелци во Олимпијакос и даде четири гола.

Претходно по првиот пораз во финалната серија, АЕК Атина остана без главниот тренер Димитрис Димитрулиас.