Поранешниот шампион на Македонија во женска конкуренција, Металург, кој во минатата сезона успеа да го врати Куп трофејот во Автокоманда, во следната сезона повторно ќе се натпреварува на европска сцена.
Тимот од Автокоманда ќе игра во рамки од Европскиот Куп и за противник во второто коло го доби актуелниот шампион на Грција, ПАОК.
Иако сѐ уште не се знае со каков состав ќе настапи Металург во новата сезона, од екипата на ПАОК се претпазливи, истакнувајќи дека ќе треба да дадат максимум на двата натпревари.
,,Металург е тим, кој има освоено многу титули на домашна сцена. Минатата сезона, иако Металург имаше млад тим, сепак, успеа да го освои Купот на Македонија. Ќе треба да собереме доволно информации за нашиот противникот, за да може тимот да се подготви на најдобар можен начин за овие два натпревари и да бараме пласман во следната фаза, односно во 3. коло”, изјави тренерот на ПАОК, Димитрис Пелекидис.
Ѓорче Петров и Куманово со ривали од Исланд и Израел, Металург и Чаир ќе патуваат во соседството