Одиграни првите четвртфинални дуели во дивизија исток од СЕХА, коj e близу до Ф4?

Со натпреварот меѓу Зенит и Пермски Медведи завршија првите четвртфинални дуели во рамки од дивизијата „Исток“ во СЕХА лигата.

Победа во првите натпревари остварија екипите на СКА Минск, Чеховски Медведи, Мешков Брест и Пермски Медведи.

Најголемо изненадување направи СКА Минск, откако на свој терен славеше против ЦСКА Москва со четири гола разлика, 30:26.

Белорускиот тим на реванш дуелот во Москва ќе мора да ја сочува залихата од четири гола за да обезбеди пласман во полуфиналето.

Чеховски Медведи без проблеми славеше против Машека со 43:25, додека Мешков Брест го доби дуелот против Гомел, триумфираше со 37:33.

Неизвесен натпревар одиграа екипите на Зенит и Пермски Медведи. Ракометарите на Пермски Медведи со гол во последните секунди обезбедија победа од 33:32.