Репрезентацијата на Норвешка и на Европското првенство во јануари ќе биде меѓу кандидатите за висок пласман, а селекторот Кристијан Берге и на овој шампионат во тимот ќе ги има ракометарите кои и досега имаа главен збор.
Сандер Сагосен, Торбјорн Бергеруд, Харалд Рајнкинд, Кент Робин Тонесен… се само дел од ракометарите од кои се очекува да ја имаат главната улога на теренот.
Норвешка влегува како голем фаворит за обезбедување на првото место во својата група каде што за ривали ги има Словачка, Русија и Литванија.
СОСТАВ НА НОРВЕШКА ЗА ЕП
ГОЛМАНИ: Кристијан Саверас (Лајпциг, Германија), Сандер Хајерен (Драмен), Торбјорн Бергеруд (ГОГ, Данска).
БЕКОВИ: Ветле Ага (Савехоф, Шведска), Сандер Сагосен (Кил, Германија), Сандер Оверјордет (Морс), Ерик Тофт (Морс), Кент Робин Тонесен (Пик Сегед, Унгарија), Горан Јоханесен (Флензбург, Германија), Кристијан О’Саливен (Магдебург, Германија), Симен Холанд Петерсен (Елверум), Харалд Рајнкинд (Кил, Германија), Кристофер Рамбо (Рунар Сандефјорд).
КРИЛА: Себастијан Бартолд (Алборг, Данска), Кристијан Бјорнсен (Алборг, Данска), Кевин Гуликсен (Гепинген, Германија), Александер Блонц (Пик Сегед, Унгарија)
ПИВОТИ: Петер Оверби (Ерланген, Германија), Магнус Гулеруд (Магдебург, Германија), Томас Алфред Солстад (Елверум).