Норвешка рутински против Швајцарија

Репрезентацијата на Норвешка ги освои првите бодови на Светското првенство во Египет откако ја совлада репрезетаијата на Швајцарија со 31:25. Норвежаните немаа многу проблеми да триумфираат на овој натпревар.

Швајцарија имаше само добар почеток на натпреварот, отвори со 4:2 и 5:3 но во продолжението Норвежаните имаа целосна контрола. После ова водсство на Швајцарија следуваше кризен период кој Норвешка знаеше да го искористи и со серија од шест гола го презема водството.

До крајот на првото полувреме уште еднаш се закани репрезентацијата која учествува како втора замена, но Норвешка го одби тој налет и контролираше се до крајот на првиот дел кога водеше 17:14.

Почетокот на второто полувреме беше клучен за решавање на победникот, Норвешка поведе со 21:14 што беше недостижно за противникот. До крај најчесто се играше гол за гол и рутински Норвежанита стигнаа до победата.

Предводник на победничкиот тим уште еднаш беше Сандер Сагосен со 11 гола, Јоханесен постигна шест, а Рајнкинд погоди петпати. Голманот Бергеруд имаше добар настап со 11 успешни интервенции. Најефикасни во составот на Швајцарија беа Милошевиќ и Лиер со по седум гола, а Енди Шмид уште еднаш ги разигруваше соиграчите и имаше осум асистенции, а еден погодок.

16 јануари 2021
25 - 31
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 јануари 2021 22:13 ГРУПА Е 2020/2021 16.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ШВАЈЦАРИЈА1325Пораз
НОРВЕШКА1731Победа

ШВАЈЦАРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Андре Шмидцентрален бек11
4Лени Рубинлев бек04
6Седри Тиновскидесно крило22
8Михал Свајленпивот00
9Марвин Лирлево крило17
11Роман Сидоровичлев бек02
12Леонард Грациолиголман00
15Николас Рамидесен бек00
16Никола Портнерголман00
17Самуел Ротлисбергерпивот00
24Ник Томинецдесно крило10
29Самуел Зендерлево крило01
31Аурел Бринголфголман00
34Ален Милошевиќпивот17
36Филип Новакпивот00
44Меди Бен Ромданцентрален бек01
 Вкупно 625

НОРВЕШКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Сандер Сагосенлев бек011
7Сандер Оверјордетлев бек00
8Бјарте Мирхолпивот02
9Хенрик Јакобсенпивот11
12Кристијан Саверасголман00
15Кент Робин Тонесендесен бек00
17Магнус Јондаллево крило04
18Вилијам Арлев бек00
19Кристијан Бјорнсендесно крило01
23Горан Согард Јоханесенцентрален бек16
24Кристијан О’Саливенцентрален бек11
27Харалд Рајнкинддесен бек05
30Торбјорн Бергерудголман00
32Томас Солстадпивот00
44Кевин Магеро Гуликсендесно крило00
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило00
 Вкупно 331

Officials

Судии:
Борис Милошевиќ -Хрватска
Матија Губица -Хрватска
ПозЕкипаНПРЛБ.
1СРБИЈА32014
2КАТАР31022
3АЛЖИР30030