Ново признание од ИХФ: Македонија во Топ 16 нации во светот

Ракометната федерација на Македонија доби ново признание од страна на ИХФ откако во најновото рангирање македонскиот ракомет се најде во Топ 16 нации во целиот свет.

Македонија го има 16 место што е доказ за добрата работа во последните години на репрезентативно ниво. Добрите резултати донесоа место во врвот така што Македонија е дел од светскиот крем на ракометот.

Во првите 16 земји се и Египет и Тунис од Африка и Бразил од Јужна Америка. Меѓутоа нема неколку квалитетни земји од Европа така што ова е големо признание. Македонија е пред Србија, Чешка, Полска…

ИХФ РЕЈТИНГ – ТОП НАЦИИ

1.Франција

2.Данска

3.Шпанија

4.Хрватска

5.Норвешка

6.Германија

7.Шведска

8.Унгарија

9.Египет

10.Словенија

11.Тунис

12.Исланд

13.Русија

14.Бразил

15.Португалија

16.Македонија