Николовска oд Јехона е МВП, Тодоровска од Пелистер е нај стрелец – еве кои ракометарки се во идеалниот тим

Екипата на Пелистер е нов шампион во пионерската женска лига за оваа сезона, откако во финалето од Ф4 турнитот ја совлада Јехона од Гостивар со 18:17. Двете екипи беа дебитанти на завршницата кај пионерките.

За МВП на овогодинешниот Ф4 е прогласена ракометарката на Јехона, Мила Николовска, која беше една од најдобрите играчи во составот на Фари Селмани.

Наградата за најдобар стрелец заврши во рацете на ракометарката од Пелистер, Анастасија Тодоровска.

Токму Тодоровска со гол во последните секунди ја донесе шампионската титула за битолскиот тим. Сара Илиоска од Јехона беше прогласена за најдобар голман на Ф4 турнирот и си доби место и меѓу најдобрите седум играчи.

Во Ол стар тимот се најдоа по две ракометарки на Пелистер, Јехона и  Деспина, како и една членка на Ѓорче Петров.

Олстар теам – пионерски Ф4

голман – Сара Илиоска (Јехона)

лево крило – Невена Бундоска (Деспина)

среден бек – Јана Лазаревска (Пелистер)

десен бек – Габриела Божиноска (Јехона)

лев бек – Антонела Ѓероска (Ѓорче Петров)

десно крило – Ева Христовска (Пелистер)

пикер – Мила Лашкоска (Деспина)

Пионерките на Пелистер се шампиони на Македонија