Никола Матлиески не е повеќе тренер на Пролет!

Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на Пролет, откако двете страни спогодбено ја прекинаа соработката.

Матлиески четири години беше член на Пролет, помагајќи тимот да оствари добри резултати на домашната ракометна сцена.

Улогата на шеф на стручниот штаб успешно ја извршуваше од моментот кога на клупата го наследи Илија Темелковски.

„Денеска спогодбено ја прекинавме соработката со Никола Матлиевски. Му благодариме на овој стручњак за максималната посветеност и професионализмот во работата во изминатите четири години и му посакуваме многу среќа во идните ангажмани“, потврдија од раководството на Пролет.

Новиот тренер ќе биде познат уште денес, а Пролет се уште е во игра за пласман во европските купови наредната сезона.