Некогаш играше за Кометал Ѓорче Петров, сега стана тренер на рускиот првак Ростов Дон

Откако шведскиот стратег Пер Јохансон си замина од Ростов Дон поради актуелната ситуација со Русија и Украина, довербата на раководството ја доби Татјана Березњак, кој ќе го води рускиот шампион.

Таа долги години работеше како асистент на повеќе тренери, а веќе дебитираше на клупата како прв тренер, во клубот во кој остана по завршувањето на играчката кариера.

Березњак покрај руското, има и македонско државјанство со оглед на тоа што беше дел и од Кометал Ѓорче Петров три сезони од 1993 до 1996 година, во времето кога нашиот тим ги правеше првите чекори кон европските височини.

Прославената ракометарка, која играше на позицијата кружен напаѓач, работи и во младинскиот национален тим на Русија како дел од стручниот штаб, а најголем дел од играчката кариера ја мина токму во Ростов Дон.