Неготинци на максимум, со четири од четири го чуваат врвот во прволигашката Група А

Составот на Вардар Неготино го чува врвот во Групата А од Првата машка лига каде што има четири од четири откако денеска го совлада и тимот на Борец со 30:21.

Ракометарите на Вардар Неготино имаа многу подобро второ полувреме во кое ставија до знаење дека се кандидати за највисок пласман и место во плеј-офот.  Инаку, во првите 30 минути свои моменти имаа и гостите од Велес кои успеваа да останат во добар резултат односно во неивесност.

Откако беше само 12:11 после првите 30 минути во продолжение се виде дека тимот на Вардар Неготино има одлично подготвени ракометари кои без поголеми проблеми одеа кон победа. Кузманов и Ташев кои пред неколку дена ги обновија договорите ги предводеа и стрелците во оваа победа, па многу помогнаа за обезбедување на победата број четири.

Борец засега останува без бодови бидејќи има три порази од три одиграни средби.

ВАРДАР НЕГОТИНО – БОРЕЦ   30:21 (12:11)

Сала: „Кирил и Методиј“ во Неготино. Гледачи: 80. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ангелов, Недев, Митевски 2, Пеовски 4, Петров 3, Бој. Трпески 1, Бор. Трпески 1, Кузманов 9, Ташев 6, Ѓорѓев, Орешков 1, Трајкоски 2, Кочаров 1, Ицев.

Седмерци: 6/8, Исклучувања: 14 мин.

БОРЕЦ: Велковски, Манев, Мачевалов, Минов 1, Ристевски, Лазаревски 3, Трабаков 2, Сиљанов 3, Андовски 2, Ристов, Стојанов 3, Петровски 2, Миленков 3, Јорданоски, Ристовски

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.