На Данците пак нешто им фали – се жалат дека им е ладно во Шпанија

Познато е дека скандинавските земји секогаш имаат замерки на организацијата на големите натпреварувања, ако не се во Данска, Шведска, Норвешка…

Мажите имаа замерки на храната во Египет додека беше Светското првенство во јануари, а сега жените во Шпанија се жалат дека им е ладно во салата.

„Беше многу ладно иако надвор е топло. Моравме да облекуваме облека на долги ракави на тренинзите. На натпреварите е исто така ладно, тоа може да биде проблем. Тешко ни е да дишеме во такви услови. Моравме да бараме дополнителни пешкири да се покриеме додека седиме на клупа. Во бурето со лед што го користиме после натпревар не е многу поладно отколку во салата. Се покривавме на цело тело за да не замрзнеме на клупата.“, велат дел од ракометарките за ТВ2.

Данскиот селектор Јеспер Јенсен со согласува.

„За нас можеби тоа не е толкав проблем, колку што е за Конго и Тунис на пример, кои сигурно навикнале на дурги услови“, кажа Јенсен.

Данска славеше против Тунис во првото коло, а во групата се уште Јужна Кореја и Конго.