На големиот грчки проект му дојде крај – Олимпијакос се откажа од првенството!

Екипата на Олимпијакос во текот на вчерашниот ден објави соопштение во кое нагласува дека се повлекува од најдобрата лига во првенството на Грција за сезонава.

Како што се вели во соопштението причината за ваквиот чекор е фаворизирање на одредени екипи од федерацицјата и исто така непостапувањето од федереацијата по барањето на Олимпијакос за одложување на почетокот на првенството.

„На нашите континуирани барања шампионатот да започне од јануари за да можеме да го подготвиме ростерот не добивме никаков одговор ниту гаранција. Во исто време се форсираа екипи кои играа во европските купови. Ние немавме тренирано 2 месеци и немавме натпревари околу 5 месеци и јасно е дека тука се губи поимот за конкнуренција. Изгубените два бода против Арис Никаја се дополнително оправдување за нашто напуштање на лигата“, стои во дел од соопштението од клубот.

Со повлекувањето на Олимпијакос едниствен кандидат за титулата останува АЕК кој сигурно на крајот на сезоаната ќе го освои трофејот.