Начевски и Николов ќе судат во Украина

Во 5. коло од Лигата на шампионите работна задача ќе има за една судиска двојка од Македонија и за еден делегат.

Меѓу оние за кои ќе има работа се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Тие ќе го судат натпреварот меѓу Мотор Запорожје и Динамо Букурешт од Групата Б.

Драган Начевски е делегат исто така во Групата Б. Тој ќе биде на записничката маса на средбата меѓу Веспрем и Флензбург.