Начевски и Николов со прв меч на СП – ќе им судат на Тунис и Полска

Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја има првата задача на Светското првенство во Египет.

Тие двајца ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу селекциите на Тунис и Полска што ќе се игра вечерва од 20:30 часот.

Делегат на оваа средба ќе биде Унгарецот Балаж Сос.

Драган Начевски ќе биде меѓу официјалните лица на ИХФ на средбите Унгарија – Капе Верде и Германија – Уругвај.