Натали постигна 19 гола, но рекордот на Наталија Тодоровска остана (ВИДЕО)

Репрезентативката на Шведска, Натали Хагман постигна 19 гола на дуелот против Порторико во победата на Шведска од 48:10. Со ова си најде свое место во историјата на Светските првенства, но се најде само на местото број 2 на вечната листа.

Рекордот на голови на еден натпревар останува запишан од Мундијалот во 2005 година кога Наталија Тодоровска беше незапирлива на дуелот против Камерун. Тогаш Македонија дојде до победа од 44:24, а Тодоровска постигна 21 гол.

Денеска Хагман беше незадржлива и имаше 19 од 21. Сепак, остана покуса за два гола, па Тодоровска ќе остане лидер на вечната листа.