Eурофарм Пелистер утре го очекува натпреварот од осминафиналето во Лигата на Европа против Нексе во Нашице.
Битолскиот состав со голем оптимизам влегува во натпреварот против хрватскиот состав, атмосферата во тимот е одлична по победата против Вардар во Скопје со која дојдоа чекор поблиску до титулата.
Денес екипата предводена од Жељко Бабиќ го одработи последниот тренинг пред првиот осминафинален натпревар. Стратегот на „пелистерци“ порача дека посакува во натпреварот против Нексе да се влезе со истата желба и енергија како против Вардар.
Реванш натпреварот во кој Еурофарм Пелистер посакува да влезе со добар резултат на домашен терен е закажан за на 5-ти април исто така од 18:45 часот.