Направивме позитивен биланс против Африканците, но Египет…

На досегашните шест учества на Светските првенства Македонија има шест средби против селекциите од Африка, а во својот седми настап на Мундијалите ќе го има седмиот дуел и тоа против домаќинот Египет.

Почетокот на пресметките против селекциите од овој континент не беше најдобар бидејќи беа забележани два порази. Во 1999 година беше загубен дуелот против Египет, а потоа и десет години подоцна на отворањето на Мундијалот во Хрватска против составот на Тунис.

Меѓутоа веќе следниот ден на истиот Мундијал беше совладана селекцијата на Алжир и работите тргнаа на подобро.

Билансот сега е позитивен и Македонија има 4:2 против селекциите од Африка на Светските првенства, а како ќе биде денеска ќе се види за некој час.

ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ ПРОТИВ СЕЛЕКЦИИ ОД АФРИКА НА СП

7 ЈУНИ 1999

МАКЕДОНИЈА – ЕГИПЕТ              24:30

17 ЈАНУАРИ 2009

МАКЕДОНИЈА – ТУНИС               24:25

18 ЈАНУАРИ 2009

МАКЕДОНИЈА – АЛЖИР             32:19

16 ЈАНУАРИ 2015

МАКЕДОНИЈА – ТУНИС               33:25

12 ЈАНУАРИ 2017

МАКЕДОНИЈА – ТУНИС               34:30

14 ЈАНУАРИ 2017

МАКЕДОНИЈА – АНГОЛА            31:22

15 ЈАНУАРИ 2021

МАКЕДОНИЈА – ЕГИПЕТ              ?